Радован П. Цветковски
Радован П. Цветковски | |
---|---|
Роден/а | 3 септември 1931 Сопотница, Демирхисарско |
Починат/а | 23 јануари 2022 |
Занимање | поет, есеист, книжевен критичар, научен работник и професор |
Националност | Македонец |
Радован П. Цветковски (3 септември 1931 — 23 јануари 2022) — македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист.
Роден е во Сопотница, Демирхисарско. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.[1] исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.[2]
Починал во 2022 година по кратко боледување.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мишо Јузмески: „Пофални слова“ , Благоевград, 2006
- ↑ Цветковски, Радован П. (2018). Анегдотски кажувања. Скопје: Академски печат. стр. 570–571. ISBN 978-608-231-247-7.
- ↑ „Почина писателот Радован П. Цветковски“. Макфакс. 24 јануари 2022. Посетено на 25 јануари 2022.
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во 1931 година
- Починати во 2022 година
- Никулци за македонски писатели
- Македонски писатели
- Македонски поети
- Македонски раскажувачи
- Македонски книжевни критичари
- Македонски писатели за деца
- Македонски фолклористи
- Сопотница
- Добитници на наградата „Книжевен жезол“
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“