Свети Мартин на Мура
Свети Мартин на Мура Sveti Martin na Muri | ||
---|---|---|
општина | ||
Центарот на селото | ||
држава | Хрватска | |
Жупанија | Меѓимурје | |
Управа | ||
• Градоначалник на општината | Дражен Црнчец | |
Површина | ||
• Вкупна | 25,24 км2 (975 ми2) | |
Население (2011)[1] | ||
• Вкупно | 2.605 | |
• Густина | 1,0/км2 (2,7/ми2) | |
• село | 435 | |
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | |
Поштенски код | 40313 Свети Мартин на Мура | |
Мреж. место | http://svetimartin.hr/ |
Свети Мартин на Мура (унгарски: Muraszentmárton); на местото кајкавско наречје наречје се вика Сумартон,[2] или Мартин[3]) – населба и истоимена општина во Хрватска. Сместена е во Меѓимурската Жупанија.
Населени места
[уреди | уреди извор]Во составот на населбата влегуваат 14 населби: Брезовец, Честијанец, Горен Концовчак, Градишчак, Гркавешчак, Јуровчак, Јуровец, Капелшчак, Лапшина, Мароф, Свети Мартин на Мура, Топлице Свети Мартин, Врховљан и Жабник.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината Свети Мартин на Мура е сместена на најсеверната точка на Хрватска. Подрачјето на општината го опфаќа просторот каде што реката Мура влегува во државната територија на Република Хрватска, а перипанонскиот простор полека се претвора во периалпски.
Со површина од 2525 хектари, општината се вбројува во редот на средно големи општини во Меѓимурската Жупанија, а во редот на мали општини во Република Хрватска.
На просторот на општината јасно се издвојуваат два типа релјеф: низински северен дел и ридски јужен дел на општината. Заради тоа северниот дел се класифицира во подрачјето на плеистоценската рамнина крај реката Мура, а јужниот дел во Горно Меѓимурје.
Метеоролошките особини се одредени со припадноста на пошироката климатска област – Панонската Низина. Превладува умерено свежа континентална клима.
Население
[уреди | уреди извор]808 домаќинства и 3.154 жители; густината на населеност е 125 жители/км2.
Општинска управа
[уреди | уреди извор]Општината Свети Мартин на Мура за првпат е воспоставена во 1993 година. Општинското собрание го сочинуваат 13 советници кои се бираат за период од четири години.
Историја
[уреди | уреди извор]Сместен во долината меѓу последните северни меѓимурски ритчиња спрема реката Мура, Св. Мартин на Мура е една од најстарите жупи и населби во овој дел на Меѓимурје.
Тука се наоѓа и важно предисториско археолошко наоѓалиште, а токму тука преку реката Мура преминувал знаменитиот римски пат меѓу Птуј и Лендава (POETOVIO – HALLICANUM). Не е чудно што кај Св. Мартин е пронајдено наоѓалипте на многу ретки римски пари и други материјални остатоци од античката култура. Овој крај бил важен во средниот век, како за готските и барокните цркви, така и по старите дворци и курии (Градишчак, Лапшина).
Највреден сочуван споменик до денес е готско-барокизираната жупна црква Св. Мартин. Оваа жупа се споменува веќе во 1334 година (SANCTI MARTINI), па во 1501 година (SANCTI MARTINI SUPERIOR) и во 1650 година (SANCTI MARTINI in KOMORY). На ова историско место најпрво е изградена дрвена жупна црква, за да во половината на XV век биде изграден најголем дел од светилиштето. Светилиштето е полионално, а надсводено со многу успешен доцноготски мрежест свод, кој го носат десет конзоли. Занимливи се бидејќи имаат изгравирано мотиви на растенија како и ликови на ангели (на еден е врежана 1468 година).
Особено се занимливи и вредни готските ѕидни слики што е права реткост во Меѓимурје. Денешната сакристија е изградена во 1777 година, а најдоцна е заменет поплочениот дел на таванот на бродот, во 1779 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Општината Свети Мартин на Мура отсекогаш му припаѓала на послабо развиеното подрачје на жупанијата. Населението главно се занимавало со земјоделство, лозарство и сточарство. Сепак, во поново време сè повеќе се развива индустријата и туризмот.
Споменици и знаменитости
[уреди | уреди извор]Образование
[уреди | уреди извор]Во општината има едно училиште – Основното училиште Свети Мартин на Мура.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Свети Мартин на Мура“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
- ↑ Em dêjtê najte! (medjimurje.hr)
- ↑ Đ. Blažeka–G. Rob: Rječnik Murskog Središča, Zagreb 2014. ISBN 978-953-7210-53-3 s. 205.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|