Прејди на содржината

Семирамида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Семирамида, кралица на Вавилон, симболистичко дело на сликарот Чезаре Сакаги
Семирамида, кралица на Вавилон, симболистичко дело на сликарот Чезаре Сакаги
Семирамидините висечки градини, во позадина е Вавилонската кула, слика од XVI век.

Според легендата, Семирамида била асирска кралица, ќерка на божицата Иштар и на кралот Нин. Нејзе и се припишуваат основањето на Вавилон, изградбата на раскошните палати и на величествените Семирамидини висечки градини, што претставувале едно од седумте светски чуда во античкото време. Семирамида била прочуена по мудроста.