Прејди на содржината

Србо Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Србо Ивановски
Роден/а1928
Штип
Починат/а12 март 2014
Скопје
Занимањепоет, раскажувач, романописец, драмски автор, писател за деца
НационалностМакедонец
Значајни наградиКочо Рацин“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Григор Прличев“, „Книжевно жезло“, „Бранко Миљковиќ“.

Србо Ивановски (Штип, 1928 - Скопје, 12 март 2014) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Србо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Се школувал во родното место, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во неколку списанија и весници, како и долгогодишен уредник во Радио Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар.[1] Починал на 12 март 2014 година во Скопје[2].

Творештво

[уреди | уреди извор]

Србо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Тој е претставник на втората македонска поетска генерација, а во современата македонска поезија се појавил во 1950 година. Негови поважни дела се:[3]

  • Лирика (поезија, 1950),
  • Желби и меѓи (поема, 1950),
  • Средби и разделби (поезија, 1953),
  • Бели крикови (поезија, 1956),
  • Маѓепсан патник (поезија, 1966),
  • Пена од планината (поезија, 1972),
  • Прстен на времето (поезија, 1993),
  • Горчлив корен (поезија, 1994),
  • Челуст на времето (поезија, 1996),
  • Близу до животот близу до смртта (поезија, 1998).
  • Жена на прозорецот (раскази, 1955),
  • Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982),
  • Желките од рајската градина (раскази, 2009),
  • Осамени (роман, 1957),
  • Мартин Нуната (роман, 1979),
  • Леонида трча окрвавен (роман, 1980),
  • Додека го чекавме Андреја (роман, 1990),
  • Балада за исчезнатите (роман, 1994),
  • Неподобниот (роман, 1997).

Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.[4]

Иако на почетокот од книжевната кариера бил типишен претставник на соц-реалистичката поезија, подоцна станал изразито модернистички поет. Во неговата проза доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот, со повремено свртување кон темите од НОБ, а во романот „Емигранти“ го опишува животот на иселениците.[5]

За своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја доби наградата „Григор Прличев“.[6] За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја доби наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува ДПМ.[7] Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.[8]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.96 - 97.
  2. Почина писателот Србо Ивановски. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 2014-03-13.
  3. Милка Котевска и Лидија Мирчевска, Повоените македонски писатели низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Битола, 2010, стр. 66.
  4. „Елко, елко се роди во Радио Скопје“, Дневник, петок, 31 декември 2010.
  5. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 96.
  6. „Елена од Србо Ивановски - најдобра поема“, Време, бр. 621, 3 февруари 2006.
  7. „Книжевните жезла врачени на поетите Србо Ивановски и Љубов Голота“, Утрински весник, бр. 2723, 28 јуни 2008.[мртва врска]
  8. „Независни писатели на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2010-11-07. Посетено на 2011-05-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поезија од Србо Ивановски Архивирано на 28 октомври 2007 г. Поезија од Србо Ивановски[мртва врска] раскази од Србо Ивановски Архивирано на 8 декември 2008 г.