Орбис (телевизија)
Орбис ТВ | |
---|---|
Отпочната | 1990 |
Формат на слика | 1920x1080 FULL HD |
Слоган | Во сојуз со гледачите |
Држава | Битола, Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија, |
Веб-страна | tvorbis.com.mk |
Орбис ТВ — приватна локална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола. Орбис е медиум со претежно забавен општ формат. Исто така емитува Информативната програма, која емитува вести во 16:30 и централни вести во 18:30 и 21:30 часот. Програмата може да ја следат жителите на Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, а исто така може да се следи и преку порталот на Телевизија Орбис.
Со почетокот на 2015 година, Телевизија Орбис сврти нова страница во емитувањето на квалитетен сигнал до своите гледачи, а паралелно со тоа ги прескокна и границите на државата, станувајќи лесно достапна телевизија од светски калибар.
Гледачите на Телевизија Орбис сега имаат можност да уживаат во слика и звук со врвен квалитет на дигиталната платформа на кабловските оператори во регионов. Додатокот ХД кој стои покрај знакот на телевизијата, означува телевизиски сигнал во висока резолуција, односно слика со петпати поголем квалитет од досегашниот и звук неколкупати почист од вообичаениот. Нашите гледачи сега ќе уживаат во супериорен квалитет на слика, богатство од бои, подобрен звук, детали што ќе ви го одземаат здивот. Имплементирајќи ги технолошките достигнувањата за кои сонуваат дури и национални телевизии во земјава, Телевизија Орбис уште еднаш потврди дека тешко заслуженото водачко место во медиумскиот простор на овој дел од Македонија, има за цел само да го задржи и надоградува.
Телевизија Орбис во почетокот на 2015 година потпиша договор со NetTV Plus за емитување на програмата и со тоа ги прескокна локалните, регионалните и националните граници за телевизиско емитување кои последниве неколку години ги наметнаа законските одредби во земјава и стана дел од избраното друштво во кое членуваат најгледаните телевизии од регионот. Практикувајќи ја на дело Директивата на Европската Унија насловена Телевизија без граници, преку NetTV Plus Set-Top box уредите, Телевизија Орбис сега е на дофат и на жителите на Европа, Америка, Австралија, Канада.
Организација
[уреди | уреди извор]Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, забавна, детска и спортска редакциј а во целата телевизија се вработени околу 50 луѓе.
Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените регионални телевизии. Продукциската опрема во Орбис ТВ е целосно дигитализирана. Заснована е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Нашата телевизија располага со две студија. Првото во кое се снимаат емисиите и е опремено со седум камери плус две кран камери и посебно студио за информативните изданија. Студијата се направени според сите димензии пропишани со законите и правилниците за работа на трговските радиодифузни друштва во Република Македонија. Студијата од 200 метри квадратни и висина од 6,5 метри произведуваат телевизиска програма налик на онаа во соседните земји. Телевизија Орбис започна уште во почетокот на 2014 година со обработка и архивирање на секој материјал во HD резолуција, за по една година на 1 јануари гледачите да имаат слика и тон во кој ќе уживаат додека ја гледаат нашата програма.
Историја
[уреди | уреди извор]Телевизија "Орбис" - Битола е меѓу првите вакви медиуми кои започнаа да делуваат во Македонија, со сите перформанси што ги бара Законот за радиодифузна дејност и другата норматива. Под името Радиотелевизија "Орбис", за првпат започна да емитува програма на 25.12.1990 година. Во меѓувреме, до донесувањето на Законот за радиодифузна дејност, во овој медиум беа направени повеќе организационо -технички и кадровски промени, со цел да се оспособи организацијата за целосно извршување на задачите што треба да ги исполнува една телевизиска куќа. Стануваше збор за определени стандарди и потреби што се бараа со законските одредби, но и на барањето на своите многубројни гледачи. При тоа, голем дел од тие зафати се однесуваа на збогатување на програмските содржини, оспособување на новинарскиот и техничкиот персонал, решавање на просторните услови, набавка на пософистицирана опрема и слично.
Во чекор со современите начини на комуникација, Телевизија Орбис покрај крупни чекори што ги направи на почетокот на 2015 година, веќе подолг период е присутна на youtube каналот каде објавените содржини се погледнати повеќе од 3.000.000 пати, на најпопларната друштвена мрежа Фејсбук веќе има повеќе од 20.000 пријатели, а преку веб тв може да се гледа во живо програмата на компјутер, на лаптоп, на таблет и на паметен телефон. Сите содржини во продукција или ко – продукција на Телевизија Орбис, може да се најдат на секоја од овие платформи. Емисии, концерти, новинарски прилози проследени со рекламни пораки на нашите деловни партнери, повторно како потврда на светските маркетинг практики, забележани на водечките интернет канали.
Програмски дел
[уреди | уреди извор]Во програмскиот дел, посебно внимание му е посветено на доследната примена на препораките на соодветните тела на Советот на Европа и Европската унија, како и информативните професионални асоцијации од земјата и странство кои работат на прашањата за подобрување на информирањето и на овие наши македонски простори. Повеќе од две децении ТВ Орбис е присутна во домовите на пелагонискиот регион. Во етерот е присутна како локална телевизија, но новите техники и технологии овозможија овој простор да е далеку поголем така што е гледана во цел свет. Со оригиналната и разновидна програма успеа да се одржи на врвот на списокот на најгледани телевизии.
Целта на постоењето на телевизијата е да емитува секогаш точни и нови информации. Навремено известување и проверени информации е одликата со која го заслужува вниманието и довербата на публиката која ја има од најмалата па до највозрасната популација. Вкупно 168 часови програма неделно. Информативната програма преку најразлични актуелности и инфо сервиси го зазема најголемиот дел од програмската шема со вкупно 48 часа и 30 минути.
Образовната функција на телевизијата е опфатена со 47 часа простор во етерот.
Исто така и забавната функција е дел од нејзиното постоење преку најразлични форми на забавно информативна програма, играна програма, музичка програма, секако и спортска порграма со вкупно траење од 43 часа и 50 минути неделно.
Од вкупната програма 40 часови се сопствено производство, 50% се создава надвор од просториите на телевизијата.
Во текот на неделата застапеноста на програмата третира настани, информации и други содржини кои се од значење за подрачјето каде се емитуваат.
Локални дијагонали е најгледаната емисија во која се поместуваат најважните и најзначајните настани што го задржуваат вниманието на целокупната јавност.
Со специјализираните емиси пак ТВ Орбис се обидува да го задоволи вкусот и на најпребирливите гледачи.
„ТВ Објектив“ е емисија од информативен карактер, која преку новинарската форма “интервју”, со општествени, економски и политички чинители ги анализира актуелните состојби во Битола и Република Македонија.
Во скоро две децении традиција, во емисијата ТВ Објектив продефилирале сите сегашни и поранешни премиери, министри, претседатели, стопанственици, општествени работници, одговорни за состојбите во државата. Под уредништво на водителот Методија Куновски ТВ Објектив на Телевизија Орбис ја продолжува мисијата - одговорни политичари и квалитетно информирани граѓани.
Емилија Сарафска ги приближува мотивите на најразлични луѓе до гледачите преку Забавно-опшествена емисија „Мотиви“.
Грижата за здравјето на пациентите е на лекарите , но преку стручно информативната емисија посветена на здравјето „Медикус“ водителот Павлина Јовановска се грижи за здравјето на гледачите.
„Пелагонија на дланка“ е попладневна програма со културно забавен и информативен карактер , а со контактната содржина „Ало сакам да кажам “ вклучени се и гледачите во формирањето на јавното мислење .
„Детски блок“ е емисијата посветена на најмладата публика, додека Јовица Пауноски и Вероника Жежовска се грижат за вкусот на оние поголемите, а и возрасните, секојдневно презентирање на естрадните вести преку естрадниот магазин „Стејџ“.
„Ние и нашите миленици“, „ТВ Галерија“, „Hard & Heavy“, „ТВ Профил“, „ТВ Градба“ и уште многу други содржини кои опфаќаат останати области од секојдневното живеење се дел од програмската шема.
Освен дневно информативната програмата и постоечките емисии реализирањето на најразлични проекти и учество на многу манифестации и фестивали се препознатливи содржини кои го привлекуваат вниманието на бројната публика која од ден на ден сè повеќе се зголемува.
Проектите „Најпопуларни“ и „Војникот Рајан“ во продукција на ТВ Орбис , „ТАТ транзициска еуфорија или национална измама “ во копродукција со Видеомозаик, „Вртешка“, „Ѕвездена орбита на популарноста“, „Мега поп фолк“, „Фешн Најт“, „Мега бит кидс“ и уште многу други проекти зборуваат за квалитено реализираните содржини за кои се зборува и по нивното реализирање.
Емисии
[уреди | уреди извор]- ТВ Објектив
- ТВ Галерија
- Стејџ
- Медикус
- Локални дијагонали
- Мотиви
- Во Зеница на окото
- ТВ Кујна
- Изгрејсонце - утринска програма
- Градба
- ТВ Профил
- Пелагонија на дланка - попладневна програма
- Детски блок
- Hard & Heavy
- Патуваме откриваме
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Орбис ТВ на Facebook
- Stage на Facebook
- www.rtvorbis.mk
|