Токелајски јазик
Токелајски јазик | |
---|---|
Tokelau | |
Застапен во | Токелау |
Говорници | вкупно 3.200, со 1.400 во Токелау (2004) |
Јазично семејство | австронезиско
|
Статус | |
Службен во | Токелау, Американска Самоа, Нов Зеланд |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | tkl |
Токелајски јазик (изворно: Tokelau) — австронезиски јазик од тихоокеанските острови.
Говорници
[уреди | уреди извор]Јазикот го говорат околу 1.700 жители на атолите кои го сочинуваат Токелау, но и од малкумината жители на осровот Свејнс кој ѝ припаѓа на соседната Американска Самоа. Токелајскиот спаѓа во семејството на самојски јазици, подргупа на полинезиските јазици. Тој е службен јазик на Токелау заедно со англискиот. Посвен населението на Токелау, јазикот го зборуваат и околу 2.900 токелајски иселеници во Нов Зеланд. Овој јазик моментално се учи приватно, како и во неколку училишта во Брентвуд во Есекс, Англија.
Јазикот има ISO 639-3 код „tkl“.
Сличности со други јазици
[уреди | уреди извор]Токелајскиот јазик е сличен на тувалскиот, главниот јазик на соседната територија Тувалу, и користи самоанска литература. Има големи сличности и со јазикот ниуафооу, зборуван во Тонга.
Се пишува со латиница, но само со 15 букви: a, e, i, o, u, f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Писмото се состои од 5 самогласки: a, e, i , o, u; и 10 согласки: f, g, k, l, m, n, p, h, t, v.
Управникот за образование на Токелау Лоимата Иупати работи на превод на Библијата на токелајски јазик.
Фрази
[уреди | уреди извор]токелајски | македонски |
---|---|
Fanatu au là ? | Да дојдам и јас? |
Ko toku nena e i Nukunonu. | Баба ми живее во Нукунону. |
Malo ni, ea mai koe? | Здраво, како си? |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Извештај за токелауанскиот јазик на Етнолог (англиски)
- Мини-разговорник со англиски превод (англиски)
|