Туршија
Туршија | |
Дел од оброкот | салата |
---|---|
Регион | Балкан, Близок Исток |
Температура на послужување | ладна |
Главни состојки | зеленчуци, киселина |
Туршија – зеленчук, пиперки, зелени домати, краставички, карфиол - конзервирани во киселина.[1]. Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук. Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци.
Туршијата се служи како предјадење или мезе.
Рецепт
[уреди | уреди извор]Туршијата се прави со разни зеленчуци, најчесто: зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол, моркови. Во наведениот рецепт покрај овие состојки се вклучени и зелени динчиња. Потребни состојки:
- 2 кг карфиол
- 2 кг пиперки за туршија
- 2 кг моркови
- 2 кг зелени домати
- 2 кг зелени динчиња
- 300 г сол
- 300 г шеќер
- 250 мл есенција
- 2+8 л вода
Количината на зеленчуци може да се менува само треба да се спази вкупната количина да биде 10 килограми.
Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој може убаво да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот. Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот. Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот и се пази истиот да не „лета“ нагоре. Се затвора садот и за десетина дена туршијата е готова.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Туршија на семрежното место на Ми Густо Архивирано на 20 јули 2018 г.