ФК Лестер Сити
Лестер Сити | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Лестер Сити | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Лисиците или Сините | |||
Основан | 1884 како Лестер Фос | |||
Бои | сина и бела | |||
Стадион | Кинг Пауер Стадион | |||
Капацитет | 36.261 | |||
Сопственик | Кинг Пауер Интернешнл | |||
Претседател | Вичаи Раксриаксорн | |||
Менаџер | Брендан Роџерс | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Премиер лига, 9. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
ФК Лестер Сити е англиски фудбалски клуб со седиште од Лестер, Западен Мидлендс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот лигашки систем. Својте натпревари ги играат на стадионот Кинг Пауер (претходно наречен Стадион Вокерс), кој има капацитет од 32,261 седечки места.
Клубот бил основан во 1884 година како Лестер Фос[1] и се натпреварувал на терен во близина на патот Фос Роуд. Тие подоцна се преселиле на Филберт Стрит во 1891 година и одиграле таму 111 години по ред, пред да го релоцираат бизнисот во близина на Стадионот Вокерс во 2002 година,[2] кој подоцна бил преименуван во Кинг Пауер во 2011 година.[3]
Лестер се приклучил на Фудбалската лига на Англија во 1894 година. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Премиер лигата во сезоната 2015-2016, кога Лестер за првпат во својата историја станал шампион на Англија. Со тоа тие станале еден од седумте клубови кој ја освоиле Премиер лигата од нејзиното основање во 1992 година, а нивниот успех во голем број на весници и медиуми бил опишан како еден од најголемите спортски шокови и најпријатни изненадувања во историјата на било кој спорт.[4][5][6]
Клубот исто така е познат и под прекарот лисиците, кој доаѓа од клупскиот амблем. Традиционало играат во дресови со темно-сина боја и со бели шорцеви.
Соперништва
[уреди | уреди извор]Навивачите на Лестер го сметаат тимот на Нотингам Форест за нивен примарен соперник што се должи на историските социо-економски соперништва меѓу градовите Лестер и Нотингам, од каде што доаѓаат двата клуба. Втори соперници на клубот се Дарби Каунти со кои тие играат натпревар во таканреченото дерби на Источен Мидландс.
И покрај тоа што се со седиште во Западен Мидландс, друг соперник на Лестер во последниве неколку години е Ковентри Сити, кои се засновани на само 24 милји оддалеченост. Натпреварите меѓу двата клуба, станаа познати како M69 дерби, дебивајќи ги името по Автопатот кој ги поврзува двата града.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Титули
[уреди | уреди извор]Премиер лига : 1
- 2015-2016
- 1924–1925, 1936–1937, 1953–1954, 1956–1957, 1970–1971, 1979–1980
- Вицешампиони (2) : 1907–1908, 2002–2003
ФА Куп : 1
- 2020-2021
- Вицешампиони (4) : 1949, 1961, 1963, 1969
Лига куп : 3
- 1964, 1997, 2000
- Вицешампиони (2) : 1965, 1999
Черити Шилд : 1
- 1971
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The History of Leicester City Football Club“. Leicester City F.C. Архивирано од изворникот на 21 June 2009. Посетено на 31 October 2013.
- ↑ „A History of Filbert Street“. Filbertstreet.net. Архивирано од изворникот на 29 September 2011. Посетено на 3 September 2011.
- ↑ „Leicester rename Walkers Stadium the King Power Stadium“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 5 July 2011. Архивирано од изворникот 4 December 2020. Посетено на 8 July 2020.
- ↑ Hayward, Paul (3 May 2016). „Leicester City's football fairytale touches us all“. The Telegraph. Архивирано од изворникот 17 April 2018. Посетено на 4 April 2018.
- ↑ „Sport's greatest-ever upset“. Sporting Life. 2 May 2016. Архивирано од изворникот на 3 May 2016. Посетено на 3 May 2016.
- ↑ Markazi, Arash (12 February 2016). „How longest of long shots could make history“. ESPN. Архивирано од изворникот на 3 May 2016. Посетено на 3 May 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„ФК Лестер Сити“ на Ризницата ? |
- Leicester City Official website
- BBC Leicester – In pictures: 125 years of Leicester City
- Leicester City Fans Forum
|