Прејди на содржината

Фелисберто Ернандес

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фелисберто Ернандес (шпански: Felisberto Hernández; 1902-1964) — уругвајски пијанист, писател и композитор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ернандес е роден во Монтевидео, во 1902 година. На шестгодишна возраст се запишал во католичко училиште, на деветгодишна возраст почнал да учи да свири на клавир, кога имал 15 години, веќе свирел на проекциите на немите филмови, а подоцна одржувал концерти по провинциските места.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Ернандес е најпознат како автор на кратки раскази. Свежината на стилот, необичните метафори и јасниот, богат јазик го прават различен од другите латиноамерикански писатели. Неговото книжевно дело е тесно поврзано со музичката кариера. Неговата најпозната книга е „Никој не ги палеше светилките“ која ги содржи неговите најпознати раскази, како: „Изгубениот коњ“, „Балкон“, „Никој не ги палеше светилките“, „Крокодил“, „Поплавената куќа“ итн.[1]

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 284.