Француска Западна Африка
Француска Западна Африка Afrique occidentale française
| |
---|---|
1895–1958 | |
Статус | Федерација на Француски колонии |
Главен град | Сент Луис (1895–1902) Дакар (1902–1960) |
Говорени јазици | феанцуски (официјален) |
Историски период | Нов империјализам |
• Основана | 27 октомври 1895 |
5 октомври 1958 | |
Валута | Француски западноафрикански франк |
Денес дел од | Бенин Буркина Фасо Гвинеја Брег на Слоновата Коска Либија Мали Мавританија Нигер Сенегал Того |
Француска Западна Африка (француски: Afrique occidentale française) — федерација на осум француски колонијални територии во Африка: Мавританија, Сенегал, Француски Судан (денес Мали), Француска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Горна Волта (денес Буркина Фасо), Дахомеја (денес Бенин) и Нигер. Главниот град на федерацијата бил Дакар. Федерацијата постоела од 1895 до 1960 година.
Историја
[уреди | уреди извор]По крајот на Втората светска војна речиси сите Африканци кои живееле во колониите на Франција не биле државјани на Франција. Наместо тоа, тие биле „француски субјекти“, кои немале права пред законот, права на сопственост, права за патување или гласање. Исклучок биле четирите комуни на Сенегал и секој што можел да докаже дека е роден во овие градови законски бил француски жител и можел да гласа на парламентарните избори.
Четирите комуни во Сенегал имале право да изберат заменик кој ќе ги застапува во францускиот парламент во годините 1848-1852, 1871-1876 и 1879-1940. Во 1914 годинабил избран првиот Африканец за заменик на Сенегал во францускиот парламент. Во 1916 годинапреку Националното собрание бил прогласен закон со кој им се дало целосно државјанство на сите жители на сенегалските комуни, а за возврат заменикот ветил дека ќе помогне да ангажира милиони Африканци да се борат во Првата светска војна.
Додека Французите ја спроведувале својата улога во борбата за Африка, во текот на 1880-тите и 1890-тите, тие освоиле големи копнени површини и најпрвин ги отстапиле како дел од колонијата Сенегал или како независни ентитети. Овие освоени области обично биле управувани од офицери на француската армија и се нарекувале „воени територии“. Во доцните 1890-ти, француската влада ги префрлила сите територии западно од Габон на еден гувернер со седиште во Сенегал, кој бил одговорен директно пред министерот за надворешни работи. Првиот генерален гувернер на Сенегал бил именуван во 1895 година, а во 1904 година териториите што тој ги надгледувал биле формално наречени Француска Западна Африка. Габон подоцна станал седиште на федерација Француска Екваторска Африка.
По Падот на Франција во јуни 1940 година и двете битки кај Дакар против слободните француски сили во јули и септември 1940 година, властите во Западна Африка прогласле верност кон Вишиевска Франција, како и колонијата на Француски Габон. Под оваа власт земјата се задржила до 1942 година кога сојузниците од Втората светска војна ја ослободиле.
По Втората светска војна, француската влада започнала процес на проширување на ограничените политички права во своите колонии. Во 1945 година, француската привремена влада доделила десет места во Француска Западна Африка во новото конститутивно собрание кое било повикано да напише нов француски устав. Од нив, пет биле избирани од граѓани, а пет од африканските субјекти. Изборите довеле до истакнување на новата генерација Африканци кои биле образовани од Франција. На 21 октомври 1945 година биле избрани шест Африканци, а истото се случило и на Второто конститутивно собрание на 2 јуни 1946 година.
Француското Царство беше преименувано во Француска унија на 27 октомври 1946 година, кога била формирана и Четврта Француска Република. Кон крајот на 1946 година, според новиот устав, секоја територија за првпат (освен сенегалските комуни) можела да избира локални претставници, иако со ограничена франшиза, на новоформираните генерални совети. Овие избрани тела имале ограничени консултативни овластувања. Првите избори се одржале кон крајот на 1956 година. На 31 март 1957 година, со универзално право на глас, изборите за територијални избори биле одржани во секоја од осумте колонии.
Уставот на Француската Петта Република од 1958 повторно ја сменил структурата на колониите. Секоја територија требало да стане „протекторат“, со консултативното собрание наречено Национално собрание. Гувернерот назначен од Французите бил преименуван во „Високи комесар“ и бил шеф на држава на секоја територија. Законски, федерацијата престанала да постои по референдумот во септември 1958 година. Сите колонии, освен Гвинеја, гласале да останат во новата структура. Гвинејците главно гласале за независност. Во 1960 година била спроведена дополнителна ревизија на францускиот устав, главно поради неуспехот на Франција во Првата индокенеска војна и тензиите во Алжир. Овие измени им овозможило на членките на Француската заедница еднострано да ги менуваат своите устави. Сенегал и поранешниот Француски Судан станаале Федерација Мали (1960-61), додека Брегот на Слоновата Коска, Нигер, Горна Волта и Дахомеја подоцна ја формирале своја краткотрајна унија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Француска Западна Африка на Ризницата
- Map of the progression of French expansion in West Africa in the period 1885–1920. Related maps of French West African expansion are at sandafayre.com, Sandafayre Stamp Atlas: French West Africa. Dated 2000, retrieved January 2008.
- Поранешни држави во Африка
- Француска Западна Африка
- Поранешни колонии во Африка
- Поранешни колонии на Франција
- Француска колонизација на Африка
- Француски Судан
- Историја на Бенин
- Историја на Буркина Фасо
- Историја на Брегот на Слоновата Коска
- Историја на Гвинеја
- Историја на Мали
- Историја на Мавританија
- Историја на Нигер
- Историја на Сенегал
- Држави и територии распаднати во 1958 година