Хелен Мирен
Хелен Мирен РБИ | |
---|---|
Мирен во декември 2014 | |
Роден(а) | 26 јули 1945 Лондон, Англија |
Занимање | глумица |
Активен период | 1965–сè уште |
Сопружник | Тејлор Хекфорд (1997–) |
Страница helenmirrenofficial.com |
Хелен Мирен (англиски: Helen Mirren; р. 26 јули 1945 во Лондон) — британска глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]Хелен Мирен (родена како Иљена Лидија Миронов)[1] е родена на 26 јули 1945 година[2] во Хамерсмит, западен Лондон.[3][4] Таа има руско потекло.[5] Нејзината мајка се викала Кетлин Александрина Ева Матидла Роџерс (Kathleen Alexandrina Eva Matilda Rogers) и потекнувала од сиромашно работничко семејство,[5][6] додека нејзиниот татко, Василиј Петрович Миронов бил државен службеник, роден во Курјаново, Русија,[5] додека неговиот татко бил дипломат. Нејзиниот прекар е "Пуканка (Popper)".
Хелен Мирен го завршила средното женско училиште "Св. Бернард" (St. Bernards High School), по што ја започнала својата глумечка кариера, работејќи во повеќе театри. Во 1997 година се омажила за американскиот режисер Тејлор Хекфорд.[7] Хелен Мирен е висока 163 сантиметри.[8]
Театарска кариера
[уреди | уреди извор]На осумнаесет години успеала да ја помине аудицијата во англискиот Национален младински театар (NYT); а на дваесет години, ја глумела Клеопатра во претставата Антониј и Клеопатра во продукција на NYT. Мирен рекла дека со оваа улога ја започнала нејзината кариера, а придонела да потпише со агентот Ал Паркер.[9] [10]
Како резултат на нејзината глума во Националниот младински театар, Мирен била поканета да се приклучи на Кралската Шекспирова компанија (RSC). Таму ја глумела Кастиза во Трагедијата на одмаздникот (1966), Дијана во „Секое зло за арно“ (1967), Кресида во „Троил и Кресида“ (1968), Розалинд[11] во „ Како ви е арно, така“ ( 1968), Јулија во „Двајцата велможи од Верона“ (1970), Татјана во „Непријатели“ на Горки (1971) и насловниот лик во „Госпоѓица Јулија (1971). Таа, исто така, се појавила во четири продукции, во режија на Брахам Мареј за Century Theatre при Универзитетскиот театар во Манчестер, во периодот од 1965 до 1967 година.[12]
Во 1970 година, режисерот Џон Голдшмит снимил документарен филм за Мирен под наслов Doing Her Own Thing. Во 1972 и 1973 година, Мирен работела во Меѓународниот центар за театарски истражувања од Питер Брук и се приклучила на нивната турнеја во Северна Африка и САД. Во 1974 година се вратила во Кралската Шекспирова компанија.
Во септември 1975 година, во Театарот на кралскиот двор во Вест Енд, играла улога на рок ѕвезда во претставата „Заби и насмевки“, музичка претстава од Дејвид Хер.
Од ноември 1975 година, како член на Lyric Theatre Company, Мирен редовно била на репертоарот на Вест Енд. Глумела во Галеб и во The Bed Before Yesterday. Во 1977 година ја глумела кралицата Маргарет во претставата Хенри VI, а во 1979 година била Изабела во Танте за кукуригу во студиото Риверсајд.
Филмски опус
[уреди | уреди извор]Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни филмски награди:[13]
Во 2007 година ја добила наградата "Оскар" за главна женска улога во филмот "Кралица" од 2006 година.[14] За оваа награда била номинирана и во 2010 година, за улогата во филмот "Последната станица" (The Last Station).[15] Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата "Оскар" во категоријата "споредна женска улога", и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот "Лудилото на кралот Џорџ" (The Madness of King George)[16] и во 2002 година, за улогата во филмот "Паркот Госфорд" (Gosford Park).[17]
Исто така, Мирен е добитничка на четири награди на "БАФТА (BAFTA)": во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во "Главниот осомничен" (Prime Suspect),[18] "Главниот осомничен 2" (Prime Suspect 2)[19] и "Главниот осомничен 3" (Prime Suspect 3),[20] додека во 2007 година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во филмот "Кралицата".[21]
Мирен има добиено и три награди "Златен глобус (Golden Globe)", и тоа:
- 1997 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Губитничка хајка" (Losing Chase),
- 2007 година - за најдобра глумица во филм, за улогата во "Кралицата",
- 2007 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I).
Мирен е добитничка на четири награди "Еми (Emmmy)":
- 1996 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: мирисот на мракот" (Prime Suspect: The Scent of Darkness),[22]
- 1999 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Страста на Ајн Ранд" (The Passion of Ayn Rand),[23]
- 2006 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I),[24]
- 2007 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: последниот чин" (Prime Suspect: The Final Act).[25]
На Канскиот фестивал, Мирен освоила две награди за најдобра глумица, и тоа: во 1984 година, за улогата во филмот "Кал" (Cal) и во 1995 година, за улогата во "Лудилото на кралот Џорџ".
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hunt, Stacey Wilson (2010-12-07). „Hollywood's Great Dame: Helen Mirren“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2024-02-01.
- ↑ „Helen Mirren: Acclaimed English Actor“. Biography (англиски). 2024-01-07. Посетено на 2024-02-01.
- ↑ „England & Wales births 1837–2006 Transcription“. Findmypast. Посетено на 6 June 2016.
Her birth was registered in the Hammersmith registration district
- ↑ Norman, Neil (10 March 2013). „'Whenever I see the Queen, I think, "Oh ... there I am"': The right royal progress of Helen Mirren“. The Independent. London. Архивирано од изворникот на 9 May 2022. Посетено на 20 October 2019.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Helen Mirren“. Nation's Memorybank. Архивирано од изворникот на 7 December 2008. Посетено на 5 July 2008.
- ↑ Mirren 2011, стр. 34.
- ↑ “Истенчен моден вкус”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 80
- ↑ IMDB, Helen Mirren
- ↑ „Fame Academy: Where Daniel Craig, Helen Mirren and Colin Firth learned to act“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 22 April 2020.
- ↑ Waterman, Ivan (2003). Helen Mirren: The Biography. London: Metro Books. стр. 18–22, 26–29. ISBN 1843580535.
- ↑ „Helen Mirren – Biography“. TalkTalk. Архивирано од изворникот на 30 December 2013. Посетено на 30 December 2013.
- ↑ Murray, Braham (2007). The Worst It Can Be Is a Disaster. London: Methuen Drama. ISBN 978-0-7136-8490-2.
- ↑ IMDB Helen Mirren
- ↑ „79th Academy Awards“. Oscars.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „82nd Academy Awards“. Oscars.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „67th Academy Awards“. Oscars.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „74th Academy Awards“. Oscars.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „1991 BAFTA Awards“. awards.bafta.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „1992 BAFTA Awards“. awards.bafta.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „1993 BAFTA Awards“. awards.bafta.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „60th BAFTA Awards“. awards.bafta.org. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „48th Primetime Emmy Awards“. emmys.com. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „51st Primetime Emmy Awards“. emmys.com. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „58th Primetime Emmy Awards“. emmys.com. Посетено на December 11, 2023.
- ↑ „59th Primetime Emmy Awards“. emmys.com. Посетено на December 11, 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хелен Мирен“ на Ризницата ? |
- Хелен Мирен на Семрежната филмска база на податоци (англиски)