Прејди на содржината

Хиполит (Син на Тезеј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Смртта на Хиполит, од Сер Лоренс Алма-Тадема (1836-1912).

Хиполит – син на античкиот јунак Тезеј. Кога ја одбил својата маќеа Федра која му се додворувала, таа го обвинила кај татко му дека сакал да ја заведе. Погинал при возењето со кола, кога исплашените коњи паднале во провалија. Овој мотив, познат како Потифаров мотив, е доста чест во светската книжевност.[1]

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 127.