Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Гермијан

Координати: 40°55′0.1″N 21°31′40.2″E / 40.916694° СГШ; 21.527833° ИГД / 40.916694; 21.527833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи Победоносец
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°55′0.1″N 21°31′40.2″E / 40.916694° СГШ; 21.527833° ИГД / 40.916694; 21.527833
Место Гермијан
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Завршено 1860
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Св. Ѓорѓи Победоносец (Св. Георгиј Победоносец) — црква во битолското село Гермијан, Општина Новаци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на Долното Маало (Долно Село). Подигната е во 1860 година. Претставува еднокорабна камена градба. Има полукружен свод и влез од јужната страна, а украсена е со фрески и икони. За време на Првата светска војна селото било на фронтовата линија, и црквата била целосно уништена. Во 1925 г. е обновена и живописана, а во 1990 г. е извршена повторна обнова.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Цркви“. visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 26 февруари 2014.