Црква „Св. Јован Богослов“ - Богословец
Свети Јован Богослов
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°46′20.5″N 22°01′16.8″E / 41.772361° СГШ; 22.021333° ИГД |
Место | Богословец |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Богослов |
Завршено | 1825/1866 |
Архитектонски опис |
Свети Јован Богослов — главна селска црква во селото Богословец.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во југозападниот крај од селото, на повисок предел од северната падина на планината Богословец, што ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Пред изградбата на денешната црква во селото имало храм посветен на истиот светец којшто се наоѓал во месноста Пропадиште. Таа црква била од средниот век и се споменува во 1300 година како метох на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Скопје. Околу 1875 година, местото во Пропадиште се повклеко и црквата се срушила.[2] Денешната црква е изградена во 1825[3], 1866[4] или околу 1878[2] година од непознати мајстори и претставува најголем објект од овој период на подрачјето на Овче Поле.[4] Од тој период се и иконите, кои главно се изработени од Андон од Папрадиште, син му Ангелко, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и други автори.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна со правоаголна основа и има три полукружни апсиди на источната страна, од кои средишната е поголема од страничните. Кон јужната, западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Јован Богослов. Храмот има и спореден влез на северната страна над којшто исто така има ниша со фреска којашто е во лоша состојба. На североисточниот раб од црквата е забележителен орнамент во облик на глава од овен. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од икони во четири реда. Според начинот на обликување и украсување на таваниците и појавата на профани елементи во внатрешното украсување, забележително е големо влијание од црквите изградени по примерот на градителот Андреј Дамјанов.[4]
Во дворот на црквата има чешма и камбанарија. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела, од коишто долниот е затворен, а горниот отворен. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Северната страна
-
Главниот влез
-
Нишата над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Нишата над споредниот влез
-
Припратата на западната страна
-
Припратата на јужната страна
-
Припратата на северната страна
-
Апсидите
-
Главата од овен
-
Североисточниот раб
-
Внатрешноста на црквата
-
Камбанаријата
-
Западната страна на камбанаријата
-
Чешмата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина. стр. 667.
- ↑ 3,0 3,1 „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Цркви“. Вардарски Регион.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Јован Богослов“ - Богословец на Ризницата ?