Шаховски запис
Шаховски запис или шаховска нотација — еден од разните системи на запишување (изразување) на потезите во шахот. Постојат неколку вида на шаховски запис. Зборот се користи и за системи на запишување на позициите на фигурите на шаховската табла.
Запис на игри
[уреди | уреди извор]Статии од категоријата Шах |
---|
Основи |
---|
Теорија |
Отворање · Средишница |
Натпреварувања |
Олимпијада |
Организации |
|
Списоци |
Поими · Книги · Партии |
Записот на потези ги опишува фигурите во игра, целната (уште подобро и почетната) позиција на секој потег, како и евентуалниот резултат на истите (земање, шах, мат итн).
- Описен запис, англиски запис или англиски описен запис. До 1970-тите во англојазичните земји, шаховските партии се запишувале и издавале во описен запис.
- Алгебарски запис. Оваа е покомпактен од описниот запис и е најстандардниот метод на запишување на партии. Во некои краишта на светот се користи уште од раниот XIX век. Овој систем е помалку подлежен на грешки од описниот.
- Дописен запис. Алгебарскиот запис кај меѓународниот дописен шах може да создаде забуни, бидејќи фигурите имаат различни називи на разни јазици. Овој систем е стандарден записен систем кој се користи насекаде.
- Преносен запис (анг. Portable Game Notation или PGN). Оваа е најпопуларниот од неколкуте записи засновани на алгебарската, кои имаат за цел запишување на партии во формат соодветен за компјутерска обработка.
- Долг алгебарски запис или полна алгебарска норација. Во оваа варијанта на запипишување се содржат и почетите и целните позиции при секој потег, одделени со цртичка. Некои компјутерски програми го користат овој метод (вид. Алгебарски запис (шах)).
- Стеношах. Ова е уште еден формат погоден за компјутерска обработка. Во овој формат иследноста на играта се жртвува за концизност со која се намалува на минимум бројот на знаците потребни за чување (запомнување) на партијата.
При запишувањето на партии, коментаторите користат знаци како прашалници и извичници како критика на потезите (видете интерпункција (шах)).
Запис на положбите на фигурите
[уреди | уреди извор]Покрај онаа за запишување на игри, постои и запис за заведување на положбите на фигурите наречена Форсит-Едвардсов запис (ФЕЗ). Ова е корисно за времено прекинување на партии и нивно подоцнежно продолжување без дијаграмски приказ на ситуацијата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
Шах | |
Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Запис |