Assassin's Creed Shadows
Assassin's Creed Shadows | |
---|---|
Изработувач(и) | Ubisoft Quebec |
Издавач(и) | Ubisoft |
Серијал | Assassin's Creed |
Погон | Ubisoft Anvil |
Подлоги | |
Датум на издавање | светски 15 ноември 2024 |
Жанр(ови) | акциона игра со улоги, потајна игра |
Режим(и) | едноиграчки |
Assassin's Creed Shadows (македонски: Assassin's Creed: Сенки) — претстојна акциона игра со улоги развиена од Ubisoft Quebec и објавена од Ubisoft, која треба да излезе во ноември 2024 г. Играта е четиринаесеттиот голем дел од серијата Assassin's Creed и наследник на Assassin's Creed Mirage од 2023 г., како и првиот наслов што е вклучен во платформата Assassin's Creed: Infinity.
Сместена во Јапонија од XVI век кон крајот на периодот сенгоку, играта ќе се сосредоточува на илјадалетната борба на Братството на асасини, кои се борат за мир и слобода, и Редот на темпларите, кои сакаат мир преку управување; од гледна точка на двајца главни јунаци: Наое, женски шиноби, и Јасуке, африкански самурај вдахнат од истоимената историска личност. Двата лика различно се управуваат и обезбедуваат исклучителен начин на игра, што овозможува пристап до задачи на повеќе начини.
Shadows треба да излезе на 15 ноември 2024 г., на повеќе платформи, вклучувајќи PlayStation 5, Windows, Xbox Series X/S, macOS и iPadOS.[1]
Светот во играта
[уреди | уреди извор]Assassin's Creed Shadows содржи голем отворен свет што го опфаќа средишното подрачје на Јапонија, вклучувајќи ги провинциите Ига, Арима и Оми. Периодот на урбанизација, трговија и војна им овозможиле на развивачите да создадат широко разнообразие на места, вклучувајќи градови, трговски пунктови, обработливо земјиште и големи замоци, моделирани во размер 1:1. Помеѓу нив има планини и шуми.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Assassin's Creed Shadows for PC, PS5, Xbox X/S & More! | Ubisoft (EU / UK)“. www.ubisoft.com (англиски). Посетено на 2024-05-31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]