Steppin' Out е компилационен албум на Ерик Клептон, издаден во 1981. Албумот содржи осум од 12-те песни кои оригинално се појавиле во времето на „Blues Breakers with Eric Clapton“ во 1966, додатно на тоа има и сингл на Клептон и Џон Меиал, „Lonely Years“, две песни („Third Degree“ и „Calcutta Blues“) од 1966 снимени на сесии од Џек Дупри на кои Клептон свири на гитара и песната „Pretty Girls Everywhere“ која е од сесија на Отис Спен каде што, исто така, е вклучен и Клептон.