Прејди на содржината

Облешево

Координати: 41°52′17″N 22°17′21″E / 41.87139° СГШ; 22.28917° ИГД / 41.87139; 22.28917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Облешево
Облешево во рамките на Македонија
Облешево
Местоположба на Облешево во Македонија
Облешево на карта

Карта

Координати 41°52′17″N 22°17′21″E / 41.87139° СГШ; 22.28917° ИГД / 41.87139; 22.28917
Регион Кочанско Поле
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 887 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13028
Надм. вис. 287 м
Облешево на општинската карта

Атарот на Облешево во рамките на општината
Облешево на Ризницата
Грб на поранешната Општина Облешево.

Облешево — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. Селото е седиште на општината.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанското Поле. Го зафаќа просторот во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во подножјето на планините Осогово и Плачковица. Има средишна позиција помеѓу поголемите градски општини: Кочани, Штип и Пробиштип. Преку главната сообраќајница M-5, Штип- Кочани-Делчево, се поврзува со Р. Бугарија. Се протегаат следните населени места: Чешиново, Соколарци, Спанчево, Теранци, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Бања, Врбица, Ново Селани и Лепопелци.

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството и производството на ориз.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948673—    
1953798+18.6%
19611.011+26.7%
19711.118+10.6%
19811.228+9.8%
ГодинаНас.±%
19911.206−1.8%
19941.206+0.0%
20021.131−6.2%
2021887−21.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Облешево живееле 350 жители, од кои 175 Македонци. и 175 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Облешево имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[4]

Во 1961 година во селото имало 1.011 жители, додека во 1994 година населението се зголемило на 1.206 жители.

На пописот од 2002 година, селото имало 1.131 жител, од кои 1.129 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 887 жители, од кои 832 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 51 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 160 673 798 1.011 1.118 1.228 1.206 1.206 1.131 887
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Облешево е македонско село, а имало и други народности во селото.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се

Македонски:

Српски

Православни Роми

  • Ангелови (2 к.), Блажеви (2 к.), Санда (1 к.) и Тодор (1 к.) зборуваат македонски. Едно домаќинство во селото живее од турско време. А другите се доселени од Пробиштипско.

Албански

  • Адим Бајрам (1 к.) дошол со семејството од Сува Река во Косово. По темната боја на кожата изгледа се работи за поалбанчен Ром.[11]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 882 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 923 гласачи.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Недела“ во Облешево
Цркви

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  • ФК „Слобода“ - Облешево

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]