Халтерн ам Зе
Халтерн ам Зе
Haltern am See | |
Надолен поглед на црквата „Св. Сикст“ и стариот дел од Халтерн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Адм. подрач. | Минстер |
Округ | Реклингхаузен |
Градоначалник | Бодо Климпел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 158,34 км2 |
Надм. височина | 40 м |
Население | 38.033 (31 декември 2023)[1] |
- Густина | 240 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RE |
Пошт. бр. | 45721 |
Повик. бр. | 02364 (Халтерн) 02360 (Липрамсдорф) |
Портал | haltern.de |
Местоположба на градот Халтерн ам Зе во рамките на округот Реклингхаузен | |
Координати | 51°45′0″N 7°11′0″E / 51.75000° СГШ; 7.18333° ИГД |
Халтерн ам Зе (германски: Haltern am See), до 2001 г. само Халтерн) — град и општина во округот Реклингхаузен на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Сместен е на бреговите на реката Липе и каналот Везел-Дателн, 15 км северно од Реклингхаузен и околу 80 км северно од Диселдорф.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот е основан на 3 февруари 1289 г. и добил градски права од кнезот-епископ од Минстер, Еверхард фон Динштаг. Сè декември 2001 г. градот се нарекувал само „Халтерн“ (Halteren).
Во Кристалната ноќ во 1938 г. се нападнати разни објекти на еврејската заедница како синагогата, гробиштата, дуќаните и домовите. Подоцна градските Евреи се однесени во логори; последните петмина се однесени во 1942 г.[2] Само едно лице преживеало, и денес по него е наречено улилиштето „Александар Лебенштајн“.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Сикст“
-
Стариот градски дом
-
Новиот градски дом
-
Кулата на Седумте ѓаволи
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Бенедикт Хеведес — фудбалер на ФК Јувентус и германски репрезентативец
- Јозеф Кениг (1843-1930) — хемичар, по кого е наречена гимназијата; роден е во Лавезум (во состав на Халтерн)
- Кристоф Мецелдер — поранешен фудбалер за ФК Борусија Дортмунд и Шалке 04
- Бодо Климпел — градоначалник на Халтерн; роден во Руркела во сојузната држава Одиша, Индија
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Халтерн е збратимен со следниве места:
- округ Рочфорд, Есекс, Обединето Кралство
- Рост-Варенден, Франција
- Санкт Фајт на Глан (Шентвид на Глина), Австрија
- Нориџ, Обединето Кралство
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Халтернско Езеро — вештачко езеро
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
- ↑ Spector, Shmuel & Vigoder, Geoffrey (eds.). The Encyclopedia of Jewish Life Before and During the Holocaust: A-J. стр. 485.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Халтерн ам Зе на Ризницата ?
- Портал на Халтерн на Езеро (германски)
- Римската тврдина во Халтерн Архивирано на 10 мај 2008 г. — Livius (англиски)
|
|
|