Егзархиска групација во Македонија
Егзархиската групација во Македонија ја поддржувала Бугарската егзархија, нејзината црковно-просветна дејност, големо бугарската идеја и се залагала за присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Голем дел од проегзархистите биле родум од Бугарија, а кон себе успеале да привлечаат дел од македонските конзервативни чорбаџи. Тие биле идејни противници на македонското националноослободително движење и Македонската револуционерна организација.
Проегзархиските идеолози
[уреди | уреди извор]Странски пропаганди во Македонија |
---|
Главните идеолози на проегзархиската групација се наоѓале околу Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и егзархиската каса. Тука биле: Васил Иванов К’нчов - бугарски етнограф и статистичар подоцна началник на училишниот одел во Цариград, Михаил Сарафов - директор на Солунската егзархиска гимназија и поранешен бугарски министер, д-р Колушев, подоцна полномошен министер и народен пратеник, Н. Начев - пистел, А. Тошев - подоцна бугарски трговски агент и полномошен министер, Коне Самарџиев - македонски трговец и издавач, Јосиф Кондов - банкар, Христо Ганов, Неделчо Колушев, Иван Гарванов, Атанас Наумов и други.
Полни господари на Солунската егзархиска гимназија биле бугарските дојденци, пионири на бугарската идеја, со нив биле и македонските учители прврзаници на големо бугарската политика.
Бугарските учители си подигрувале со патриотските чувства на македонските учители и дофрлале навреди до нив декогаш кога можеле: просјаци, ќемидадешковци, цигани, ќе ми дадеш пари ќе се чинам Бугарин [1].
Васил Иванов К’нчов отворено во разговор со Иван Хаџи Николов истакнал дека во Солун дошол за да ја бугаризира Македонија [2], а Михаил Сарафов се сметаал себеси за еден вид губернатор на цела Македонија [3].
Цел
[уреди | уреди извор]Проегзархиската групација се залагала за ширење на бугарската национална свест меѓу Македонците и ја култивирале земјата, односно создавале услови за присоединување на Македонија кон Бугарија.
Оние македонски учители кој им се спротивставувале ги нарекувале сепаратисти и неблагонадежни, ги отпуштале од работа, ги принудувале да даваат оставки или ги преместувале во зафрлени краишта во Македонија.
Егзархистите се стремеле сето македонско христијанско население да се сплоти околу Бугарската егзархија и да се подржи црковно - просветното дело, а другото:
„ | ... кога ќе дојде време ќе го сврши Бугарија со своите 200 000 штика [4] | “ |
Дополнително на оваа дејност, егзархистите биле насочени против останатите пропаганди во Македонија, особено настапиле против српската пропаганда која започнала да се засилува во Македонија. Тие презеле разни дејствија за извлекување на македонските деца од српските училишта. Со појавата на МРО, егзархистите започнале разни активнисти за уништување или неутрализација на влијанието на организацијата во Македонија.
Егзархистите и Македонската револуционерна организација
[уреди | уреди извор]Судирот со МРО
[уреди | уреди извор]Како идејни противници на МРО, проегазрхистите дошле во судир со организацијата. Треба да се истакне дека Егзархијата и нејзините приврзаници во почетокот сметале дека дејноста на МРО нема да постигне вистински успех меѓу солунското граѓанство.
Дека багабонтите, како што ги нарекувале членовите на МРО, немаат за цел ширење на револуционерната идеја и кревање на револуција туку засилување на позициите на како што тие ја нарекувале сепаратистичката партија во Солун [5].
Меѓутоа кога Централниот комитет во 1895 година се засилил, егзархистите во контраагитација низ Македонија го испратиле Коне Самарџиев. Тој ги посетил Солунско, Битолско, Скопско, Леринско, Охридско, Ресен, Крушево, Прилеп, Струмица, Воден и други места.
Во Костурско, Коне Самарџиев на селаните јавно им истакнал:
„ | Овие убави села ќе бидат упропастени, крепете ги црквите и училиштата. Бугарија има 200 000 штика и со нив ќе ја ослободи Македонија [6] | “ |
Од оваа мисија низ Македонија, Самарџиев увидел дека работата е сериозна, дека младите се вовлечени и дека егзархискиот систем кој постоел, а за кој тие сметале дека е единствено корисен за Македонија, се наоѓал во опасност да биде уништен. По неговото враќање во Солун, егзархистите ја смениле целта и такатиката. Тие започнале дејност за потчинување на МРО и отстранување на своите противници од Солун.
Промена на тактиката
[уреди | уреди извор]Дека егзархистите ја промениле својата тактика се гледа од обидот за отворање на училиште во Солун, слично на Неделното училиште на организацијата.
Идејата за ова училиште била дадена од Васил Иванов К’нчов, притоа егзархистите сакале такви училишта да отвораат и во останатите делови на Македонија, а она во Солун да биде централно. Училиштето било отворено но откаоко егзархистите не успеале да го заземаат тоа било затворено [7]. Егзархистите почнале да проповедаат слично на МРО, но поумерено истакнувајќи:
„ | Бугарија ќе не ослободи и од Бугарија да чекаме се. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зошто кога ќе затребаат, Бугарија ќе ги даде. Револуционерноста да не се пројавува во акции, туку само во морална подготвеност [8]. | “ |
Бугарско тајно револуционерно братство
[уреди | уреди извор]Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Откако егзархиската групација увидела дека нејзиното влијание во Македонија опаѓа и дека нејзината политика може да биде уништена, тие решиле да ја копираат ТМОРО и го создале Бугарското тајно револуционерно братство на чело со Иван Гарванов, со што дошло и до физички пресметки со Централниот комитет.
Братството претендирало да биде втора револуционерна организација во Македонија, но тие дејствувале во согласност со своите големо бугарски политички сфаќања и со својата дејност во Македонија предизвикувале забуна меѓу обичното членство на ТМОРО бидејќи не настапувале во свое име туку во име на целото македонско револуционерно дело.
Биле преземени разни дејствија за да се наруши авторитетот на ТМОРО меѓу населението. Таква била активноста на Делчо Колушев кој ги излажал селаните од с. Тушим дека пушките кој биле испратени од Централниот комитет за селото, всушност биле испратени од Бугарија не за организацијата туку за селаните. Подоцна Централниот комитет одвај успеал да се разбере со селаните, а била и избегната престрелка.
Физичките престрелки
[уреди | уреди извор]Поради сите овие дејности двете организации дошле во меѓусебни вооружени престрелки. Во летото 1897 година ТМОРО прави обид за ликвидација на Васил Иванов К’нчов во Цариград, а во пролета 1899 година по наредба на Централниот комитет, Михаил Апостолов - Попето, Андон Ќосето и Ангел Станчовалијата праваат обид за ликвидација на Атанас Наумов во Сер.
Од своја страна пак Братството донело одлука за ликвидација на Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Христо Матов и Пере Тошев. Меѓутоа до овие ликвидации не дошло, а Васил Иванов К’нчов предложил да бидат ликвидирани неколку солунски граѓани и за тоа да се обвини ТМОРО. Поради таквата дејност под притисок на организацијата, Егзархот Јосиф го остранил К’нчов од егзархиската служба во Цариград.
Братството не можејќи да излезе на крај со ТМОРО се свртува кон Бугарија и Врховниот комитет и Борис Сарафов.
Помирувањето
[уреди | уреди извор]Во првата декада на септември 1899 година со посредништвото на Врховниот комитет бил ставен крај на судирите помеѓу Братството и ТМОРО, при што бил потпишан протокол за помираување со кој Бугарското тајно револуционерно братсво било распуштено, а неговите членови преминале во ТМОРО.
Христо Силјанов смета дека саморастурањето на Братството е капитулација на егзархиската групација додека пак Иван Хаџи Николов истакнува дека со потпишувањето на протоколот се ставил крај на долгогодишниот судир меѓу двете страни.
Meѓутоа Ѓорче Петров сметал дека слевањето на членовите на Братството во ТМОРО е на штета на самата организација, а дека Ѓорче бил во право покажуваат настаните од 1901 и 1903 година [9].
Историски погледи за делото на егзархистите
[уреди | уреди извор]Дејноста на егзархиската групација од страна на македонските историчари се оценува крајно негативно бидејќи проегзархистите истовремено го загрозувале македонскиот национален индивидуалитет, работеле на создавање услови за присоединување на Македонија кон Бугарија, и со својата дејност го ослабнале македонското националноослободително движење и во крајна мера ги разнишале позициите на ТМОРО, имено еден дел од македонските историчари сметаат дека е можно поранешните членови на Бугарското тајно револуционерно братсво да учествувале во Солунската провала со што Централниот комитет се нашол во рацете на Иван Гарванов и идејните противници на ТМОРО со што организацијата го променила својот правец на делување [10][11].
Во бугарската историографија многу малку е пишувано за оваа групација од Солун и Македонија. Тие не се третираат како спроводители на големо бугарската политика и идеја туку како дел од македонското националноослободително движење на кое му се дава на бугарскиот елемент.
Егзархисти
[уреди | уреди извор]Првите Македонци Егзархисти се појавиле околу 1870 кога била создадена Бугарската егзархија.[12][13] Егзархијата активно учествувала со уништување на македонскиот идентитет и да го бугаризира населението.[14] Еден од првите Македонци противници биле браќата Миладиновци кои посакале враќање на Охридската архиепископија наместо Бугарската егзархија.[15]
Егзархијата се обидела да ја уништи дотогашната самоуправна дејност на македонските црковни општини, да го истисне нејзиниот демократски изборен систем со назначување на свои истомисленици за општински претседатели, кои ја ширеле бугарската пропагандата со помош и контакт со Бугарската егзархија[16]
Во 1873 заради туѓата пропаганда во Вардарска Македонија, имало група на Македонци Егзархисти кои дале идеја да се укинат Грчката патријаршија и Бугарската егзархија ѝ да се формира нова црква која што ќе ги почитува правата и идентитетот на Македонци, Струмичките и Мегленските црковни школи ја прошириле идејата, но заради нивните про-Македонски идеи многу од школите биле затворени. Македонците Егзархисти биле принудени да ја признаат владата на Бугарската егзархија.[17]
Заради затворањето на црковните училишта една група што соработувала со македонскиот орган „Учителски Глас“ организирале бојкот на членство кон Бугарската егзархија и протести против Егзархијата и Грчката црква.[18]
Секој Македонец Егзарх кога се вработувал како наставник во македонските црковни школи бил принуден да членува во Егзархијата и да ги прифати идеите издадени од црквата, исто така требале активно да соработуваат со бугарската влада против македонскиот идентитет од страв дека ќе си ја изгубат нивната работа. Едно од правилата за членство било да се потпишат како Бугари.[19]
Македонците Егзархисти што соработувале со Егзархијата биле ставени во изолација од нивните фамилии и ги укина правата на Македонците Егзархисти што соработувале, оваа беше тактика од Егзархијата да го заглави македонското население и да не дозволи развивањето на Македонски национален свест[19]
Во некој случаи народот бил платен во села да се потпише како Бугари заради страв на развивање на македонски идентитет, еден Бугарски Егзарх спомнал „Македонците општо се развиени, итри, лукави и подли луѓе. Македонецот ја сака слободата повеќе од Тракијците и од Бугаринот кој живее во северна Бугарија, но само друг да му ја извојува, а не самиот тој. Во Македонецот не постои ниту искра од патриотизам. Тој за пари и татко си го продава. Се раскажува кога поставувале украси во некоја епархија во Македонија, свештениците кога го советувале населението пред власта да ја исповеда својата народност, некои велеле ‘Ќе ни дадете пари ќе се чиниме Бугари„[20]
Заради строгото однесување и пропагандата на Бугарската Егзархија голем број на Македонците Егзархисти почна да бидат против Егзархиската буржоазија и почна да создаваат здруженија што биле против Бугарската црква и почна да соработуваат со народни цркви со ширејќи Македонскиот идентитет кон ученици и наставници[21]
Околу овој период се појави нова национална струја сред Македонската интелигенција „ сепаратисти “ од сите места во Егзархијата и од учебните установи родените во Кнежевството Бугари и да се заменат со Македонци, и да се работи со нивните разбирање но еден голем противник на идејата беше Наум Спространов кој имал голем авторитет над Македонското население и заради тоа македонскиот народ почна да си ја сменат нивната идеја кон незадоволството на народот поради недопуштањето на Егзархијата[22][23]
Околу 1870-тите и 1880-тите Бугарската пропагадна и Српската пропаганда имале обид да го уништат Македонското население и да наместа Србомани и Бугаромани во повисоки ранкови што ќе им помогне врз влијанието на Македонскиот народ, во некој градови овој процес беше успешен и помогна со ширејќи пропагадната на Бугарската и Српската влада но во голем број на градевите овој процес не беше успешен туку создаде повеќе тензии помеѓу народот и туѓите власти[24]
Некој Македонци заради долго трајната пропаганда почна да се гледат како Бугари, но голем дел Македонци Егзархисти биле противници на црквата,[25] околу оваа време беше формирана познатото Егзархиски школо Солунска машка гимназија во 1880 каде што се вработувале многу Македонци Егзархисти како наставници но поголем број се потпишале како ученици, еден од нив беше Петар Поп Арсов.[26]
Во 1889 биле испечатени Македонски буквар и Македонска читанка во 1890 за Македонските деца што учеле во црковните школа во Вардарска Македонија, книгите биле издадени на секој ученик бесплатно за да помогне со развивањето на Македонски свест.[27] Книгите биле напишани од српски професор Милојко Веселиновиќ[28]
Според истражувањето на познатиот Бугарски географ Васил К'нчов тој тврди дека околу 1900-1901 бројот на Македонци што соработувале со Егзархијата (Македонци Егзархисти) беше околу 357.660 жители,[29] и бројот на Македонци под Егзархијата во Егејска Македонија беше 218.774 жители[29]
Со формирањето на МРО почна да го намалуваат влијанието на Егзархијата и МРО почна да организира протести и штрајкови против црковните школа во Македонија што го ширеле Бугарската пропаганда и заради тоа бројот на Македонци Егзархисти се намалило[30]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бугарска пропаганда во Македонија
- Странски пропаганди во Македонија во периодот 1870 - 1903 година
- Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Хр. Коцев, Страници од моите спомени, Македонија I/IX, Софија, 1922, 51
- ↑ Христо Шалдев, Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов), Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936
- ↑ Првиот централен комитет...,105
- ↑ Христо Силянов, Освободителнитѣ борби на Македония т.1, 123 - 124
- ↑ Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција...,62.
- ↑ Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција...,63.
- ↑ Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција...,69-70
- ↑ Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција...,72.
- ↑ Се мисли на Солунската провала и Солунскиот конгрес од 1903 година
- ↑ Дополнително види кај Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење...265, 337, 338.
- ↑ Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994, стра. 111-112
- ↑ Stavrianos, Л. С. (2000). The Balkans since 1453. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 371. ISBN 1850655510.
- ↑ Битоски, Крсте (1977). Makedonija i Kneževstvo Bugarija: 1893-1903. Institut za nacionalna istorija. стр. 51.
- ↑ Икономов, Васил (1988). Staronarodni pesni i običai od Zapadna Makedonija. Скопје: Institut za folklor "Marko Cepenkov". стр. 35.
- ↑ Македонска поезија XIX век. Македонска кн. 1989. стр. 117. ISBN 8636900344.
- ↑ Trajanovski, Aleksandar (2001). Crkovnata organizacija vo Makedonija i dviženjeto za vozobnovuvanje na Ohridskata arhiepiskopija od krajot na XVIII i vo tekot na XIX vek--: do osnovanjeto na Vnatrešnata makedonska revolucionerna organizacija. INI. стр. 181. ISBN 9989624577.
- ↑ Поплазаров, Ристо (1977). Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850-1878. Институт за национална историја. стр. 67.
- ↑ Димевски, Славко (1963). Македонското национално ослободително движење и Егзархијата, 1893-1912. Култура. стр. 94–95.
- ↑ 19,0 19,1 Коневски, Блаже (1950). Македонската литература во 19. век: краток преглед и текстови. Држ. кн-во на НР Македонија. стр. 29–30.
- ↑ Г. Димитров (1895) Kni︠a︡zhestvo Bulgarii︠a︡ v istorichesko, geografichesko i etnografichesko otnoshenie страна 52.
- ↑ Trajanovski, Aleksandar (1982). Bugarskata egzarhija i makedonskoto nacionalno osloboditelno dviženje, 1893-1908. Kultura. стр. 202.
- ↑ Dimevski, Slavko (1988). Makedonskata borba za crkovna i nacionalna samostojnost vo XIX vek: unijatskoto dviženje. Naša kn. стр. 148.
- ↑ Mojsov, Lazar (1977). Pogledi vo minatoto, blisko i dalečno. NIK "Naša kn.". стр. 87.
- ↑ Доклестиќ, Љубиша (1973). Српско-македонските одноци во XIX-от век до 1897 година. Нова Македонија. стр. 140.
- ↑ Димевски, Славко (1988). Makedonskata borba za crkovna i nacionalna samostojnost vo XIX vek: unijatskoto dviženje. Naša kn. стр. 148.
- ↑ Стојанов, Петар (1963). Petar Pop Arsov vo nacionalno-revolucionernoto dviženje na makedonskiot narod: 1868-1919. Kultura. стр. 28.
- ↑ Доклестиќ, Љубиша (1973). Српско-македонските одноци во XIX-от век до 1897 година. Нова Македонија. стр. 44.
- ↑ Македонска енциклопедија. Skopje: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 269.
- ↑ 29,0 29,1 Kiselinovski, Stojan (1981). Grčkata kolonizacija vo Egejska Makedonija: 1913-1940. Zavod za unapreduvanje na stopanstvoto SRM "Samoupravna praktika". стр. 15.
- ↑ Константинов, Душко (1971). Даме Груев 1871-1971: Генијален револуционер, идеолог и организатор на македноскиот народ. Друштво за проучување на Илинденските настани "2. август 1903". стр. 49.
Литература
[уреди | уреди извор]- Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
- Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994