Ефрем Каранов
Ефрем Каранов | ||
Роден | 28 јануари 1852 Кратово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 6 декември 1927 Ќустендил, Бугарија |
Ефрем Цветков Каранов (1852-1927) бил фолклорист, историчар, преведувач, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и општестевник во Бугарија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој бил еден од истакнатите собирачи на македонски народни умотворби и научници во Бугарија [1] со потекло од Македонија.
Студира во своjот роден град, а потоа во периодот 1864-1866 во бугарско училиште во Цариград. Завршува словенска филологиjа во Русија, каде почнува да собира фолклорни материjали, кои ги публикува во соработка со Бугарското книжевно друштво, на кое станува дописен член во 1875, а во 1884 и полн член.
По создавањето на Кнежевство Бугарија се населува во Ќустендил, а во 1895 година Каранов е еден од основачите на Македонско благотворително друштво Македонија (бугарски:Македония), по што бил избран за негов претседател.
Во 1895 година бил формираан Македонскиот комитет во Софија, а Каранов како претседател на Ќустендилското друштво активно се вклучил во револуционерната дејност на Комитетот. Веднаш по формирањето на Македонскиот комитет неговиот претседател Трајко Китанчев започнал со орагнизираање на Мелничкото востание, а собирен пункт на четите кој требало да навлезаат во Македонија била Ќустендилската област и токму таму четите биле доворужени и доопремени, а во сета дејност активно се вклучил Ефрем Каранов и Ќустендилското друштво [2].
По смрта на Китанчев и поделбите кој настанале во самиот Македонскиот комитет, Каранов почнал да се доближува до Македонската револуционерна организација, а остварува контакти и соработка со Гоце Делчев, Јане Сандански и Пејо Јаворов, токму во Ќустендилско ќе се наоѓа еден од поголемите пунктови на Македонската револуционерна организација преку која ќе минуваат четите, оружјето и др.
Ефрем Каранов починал во Ќустендил во 1927 година. Бугарскиот академик Ефрем Каранфилов е негов внук [3][4].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Страница на Регионален историски музеj Ќустендил.
- ↑ Георгиев, Георги. „Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895-1903)", Македонски научен институт, София, 2008, стр. 20.
- ↑ Енциклопедия „България“, том 3, София, Издателство на БАН, 1982.
- ↑ Попов, Жеко. Ефрем Каранов — Жизнен път и творческо дело, во: Каранов, Ефрем. „Роден съм българин. Избрани съчинения и документи“, Издателство на Отечествения Фронт, София, 1991.
Објавени книги
[уреди | уреди извор]- "Роден съм българин. Избрани съчинения и документи", Издателство на Отечествения Фронт, София, 1991.
- Ефрем Каранов "Описание на Кратовската каза; 10 народни песни от Кратово и Кратовско", објавено во „Периодическо списание на Българското Книжовно Дружество“, книжка XI и XII, София, 1876 година
|