Прејди на содржината

Крсто Б’лгаријата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крсто Б'лгаријата)
Крсто Б’лгаријата
Роден 1871
Враца, Бугарија
Починал мај 1913
Валовишта, Серско

Крсто Николов Георгиев (бугарски: Кръстьо Николов Георгиев; 1874 - 1913) , познат како Крсто Б’лгаријата (бугарски: Кръстьо Българията) — офицер во бугарската армија и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, учесник во Мелничкото востание, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Првите години

[уреди | уреди извор]

Крсто Б’лгаријата е роден во 1874 година во Враца, тогаш во Османлиското Царство. Немал услови да се школува, па пристапил во бугарската армија. Со чин фелдфебел ја напуштил армијата во 1895 година и се вклучил во Мелничкото востание на Врховниот комитет. Од 1897 година станал четник на Михаил Апостолов – Попето, а потоа од 1900 до крајот на 1902 година е Тиквешки војвода на ВМОРО. За кратко од јануари до август 1901 година секретар на четата на Крсто Б’лгаријата бил Аргир Манасиев.

По препорака на Михаил Герџиков во ноември 1902 година Крсто станал војвода на чета во Чокенскиот револуционерен реон и во Одринскиот револуционерен округ, каде што станал и првиот подофицер [1].

Христо Чернопеев, Јане Сандански и Крсто Б'лгаријата
Петар Ангелов, Крсто Б'лгаријата и Никола Жеков

Од почетокот на 1903 година бил назначен за војвода на Малотрновскиот револуционерен реон, каде значително придонел за разгранување на револуционерната мрежа и организирањето на бугарското население во Одрин. Во февруари стапил во четата на Михаил Герџиков и учествувал во организирањето на атентатот на железничката линија кај село Синекли, Чаталџански реон.

Крсто Б’лгаријата бил делегат на конгресот на Петрова нива во својство на околиски војвода на Малотрновскиот револуционерен реон.[2] За време на Илинденското востание е војвода во Чокенскиот регион со заменик војвода Петар Чолаков. Во текот на ноќта на 9 август неговата чета од 40 души го напаѓа турското село Хаџиталашман, кое е на само 20 километри од Одрин.

Четниците го нападнале селото од три страни, а во паника голем дел од населението, полициската станица и кавалерискиот гарнизот побегнале во Одрин. Утрото во селото не останал ниту еден Турчин.[3] По востанието, Крсто се префрлил повторно во Македонија како околиски војвода. По востанието тој станал војвода во Кочанско, каде од 1904 година под негово раководство дејствува Цено Куртев.

Подоцнежна дејност

[уреди | уреди извор]
Четата на Крсто Б'лгаријата

Крсто Б’лгаријата придонел за ограничување на дејствувањето на српската вооружена пропаганда во Македонија. На 2 јануари 1905 година над село Кнежево, Кратовско, се одржал конгрес на Скопскиот револуционерен реон. За членови на окружното раководство на Скопскиот реон биле избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто Б’лгаријата, Мише Развигоров и Атанас Бабата.

Крсто Б’лгаријата учествувал во Првата балканска војна и после во Втората балканска војна како доброволец во Македонско-одрински доброволен корпус.

Во мај 1913 година е унапреден со чин подпоручник. Скоро после тоа заболува од колера и умира. Крсто Б’лгаријата е запаметен како војвода, кој неколкупати особено жестоко претепува [4] или убива [2] невини дејци на организацијата. За тоа е прекоруван и лично од Георги Кондолов. На негово име е крстена улица во град Враца, Бугарија.

  • Електронска енциклопедија “Историја на Бугарија”, ИК Труд, Сирма, 2003
  • Енциклопедија “Бугарија”, том 3, Издателство на БАН, Софија, 1982
  1. Весник “Бугарска армија”, бр. 15642
  2. 2,0 2,1 Родопа през Илинденско-Преображенското въстание, Христо Караманджуков
  3. Тракијско дружество “Антим I”, Бургас
  4. Панајот Маџаров, Света завера

Галерија

[уреди | уреди извор]