Нерав
Нерав | |
Координати 42°17′21″N 22°10′1″E / 42.28917° СГШ; 22.16694° ИГД | |
Општина | Крива Паланка |
Население | 121 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 15035 |
Надм. вис. | 1197 м |
Нерав на општинската карта Атарот на Нерав во рамките на општината | |
Нерав на Ризницата |
Нерав — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Нерав се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 23,75 квадратни километри. На север се граничи со општината Трговиште, Република Србија, на североисток со селото Огут, на исток со селото Метежево и на југозапад со Општина Ранковце.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Прешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нерав живееле 390 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нерав имало 984 Македонци, патријаршисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото има вкупно население од 175 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 117 Македонци и 4 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 390 | 560 | 814 | 875 | 710 | 697 | 366 | 236 | 204 | 175 | 121 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Нерав е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
- Доселеници: Балабановци (13 к.), Којкарци (1 к.) и Парапунци (19 к.) доселени се, но не знаат од каде. Балабановци се најстар род во селото, доселени се пред околу 270 години; Поповци или Асанци (13 к.) и Маринковци или Суљаци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Прешево во Србија. Во првиот род се знае следното родословие: Радич (жив на 40 г. во 1950 година) Бојко-Анто-Белко-Младен-поп Јован, кој се доселил во селото. Вториот род е гранка од првиот; Нејковци (34 к.) и Цветановци (3 к.) доселени се од селото Железница кај Кратово. Вториот род е гранка од првиот; Барци (9 к.) доселени се од селото Криви Камен; Љубарци (1 к.) доселени се од селото Подржи Коњ, каде имале истоимени роднини.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[12]
- Градиште - Чука - градиште од доцноантичкото време;
- Градиште I - градиште од доцноантичкото време;
- Градиште II - градиште од доцноантичкото време;
- Грамади - населба од римското време;
- Кошари - населба од доцноантичкото време;
- Селиште - градиште од доцноантичкото време;
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Селото Нерав највеќе имало 107 куќи, но потоа постепено се намалувало поради иселување. Постари иселеници од ова село се знаат следните родови. Селата Петровац и Горновац кај Трговиште во Србија ги основале иселеници од селото Нерав. Од тие иселеници се знаат следните родови: Стојчаци (4 к.), Илинци (4 к.) и Биволарци (7 к.) во Петровац. Потоа Дедо-Менковци (6 к.), Баба-Ружинци (2 к.), Среднортинци (4 к.), Попарејци (2 к.) и Орничани (3 к.) во Горновац. И селото Мездраја кај Трговиште го имаат основано тројца браќа кои биле од селото Нерав. Од тие тројца браќа се следните родови Гарејци (2 к.), Марковци (2 к.), Вржевци (1 к.) и Стевановци (5 к.). Потоа некој Цветко од Нерав се иселил во селото. А од ова село иселеници од постаро време има и во многу села низ јужна Србија (Врање, Трговиште, и други места). После војните од ова село се иселиле и на следните места: Тиквеш, Овче Поле и во Банат во Војводина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 219.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 144-145.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 192. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|