Прејди на содржината

Самуил Бернштејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самуил Борисович Бернштејн
Роден 3 јануари 1911
Баргузин, Источен Сибир, Руска Империја
Починал 6 октомври 1997
Москва,  Русија
Националност Русин
Занимање лингвист, славист, македонист

Самуил Борисович Бернштејн (3 јануари 1911, Баргузин, Источен Сибир 6 октомври 1997, Москва, Русија) — руски лингвист, славист, македонист.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој произлегол од школата на познатиот руски славист А.М.Селишчев и бил долгогодишен раководител на Катедрата за словенска филологија на Московскиот универзитет „Ломоносов” и на Одделот за славистика и балканистика на АН СССР.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Бил автор на околу 400 научни трудови, вклучително и 18 книги. Член на МАНУ надвор од работниот состав (избран на 25 декември 1969 година). Еден од првите слависти што (во првото издание на Големата советска енциклопедија, 1938) го одбележа постоењето на македонскиот јазик како посебен член на словенското јазично семејство. Во Одескиот архив (1934) имал најдено единствениот примерок на дел од коректурите од необјавеното списание „Вардар” на Крсте Петков Мисирков . Објавил две статии за тоа списание.[3] Во 1938 година, во една своја статија објавена во Големата светска енциклопедија, првпат се осврнал на македонскиот јазик, како посебен словенски јазик. Тоа било првиот случај да се зборува за во една значајна публикација за посебноста на македонскиот јазик. Непосредно по завршувањето на Втората светска војна, неговиот интерес за македонскиот јазик се зголемил, а особено со неговото проучување на Крсте Петков Мисирков. Во 1946 почнал да ја пишува граматиката на македонскиот јазик. Неговиот придонес за изучувањето на македонскиот јазик се зголемил и со тоа што под негово менторство биле изработени првите докторски дисертации од таа област.[2] Бил еден од најголемите слависти на 20 век и многу се занимавал со македонскиот јазик[3].

  1. Самуил Борисович Бернштејн
  2. 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 70. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 ИСЧЕЗНАТИОТ ПРВ ТЕКСТ НА МАКЕДОНСКАТА ГРАМАТИКА ОД 1946

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]