Прејди на содржината

Трубарево

Координати: 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.96694; 21.53750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Трубарево

Поглед на дел од селото Трубарево

Трубарево во рамките на Македонија
Трубарево
Местоположба на Трубарево во Македонија
Трубарево на карта

Карта

Координати 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.96694; 21.53750
Општина Гази Баба
Население 2.470 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1000
Шифра на КО 25135
Надм. вис. 224 м
Трубарево на општинската карта

Атарот на Трубарево во рамките на општината
Трубарево на Ризницата

Трубарево — село во Општина Гази Баба, во непосредна близина на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Трубарево се наоѓа на 21°31'46" источна географска должина и 41°59'0" северна географска ширина. Надморската височина на селото е 240 м. Сместено е во Скопската Котлина. Трубарево е низинско место. Во Трубарево поминува реката Вардар. Трубарево е опкружено со Планината Китка на југ, Скопска Црна Горана север, Водно на југозапад и Шар Планина на запад.Селото се наоѓа на 10 километри источно од центарот на Скопје на регионалниот пат Скопје - Велес. Во близина на селото се наоѓаат населените места Маџари, Гоце Делчев, Јурумлери, Горно Лисиче и Долно Лисиче. Трубарево зафаќа површина од 4,4 км2.

Климата во Трубарево е топла сува континентална. Трубарево поради својата местоположба е суво и топло село. Најтопли се летните месеци јуни, јули и август, кога температурата често достигнува до 40 °C а најладните се декември, јануари и февруари кога температурата се спушта до -10 °C. Средните температури во лето се 35 °C а во зима -1 °C. Во лето просечно 17 дена се со 40 °C а во зима 5 дена се со температура од -10 °C и пониска. Планините кои го опкружуваат го задржуваат дождот и затоа Трубарево е многу суво. Годишното количество на дожд изнесува 432 мм. Дождот најчесто паѓа од октомври до декември и од април до јуни. Од јули до септември има многу малку дожд со просечно 4 врнежливи денови. Трубарево е многу сончево, со околу 310 сончеви денови во годината.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 10 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 32 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 74 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 118 жители.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трубарево живееле 85 жители Бугари[4] христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Инџиковo имало 56 егзархисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 113 жители. Било дел од Општина Асанбегово.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Албанци.[6]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948410—    
19531.047+155.4%
19611.078+3.0%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20022.669—    
20212.470−7.5%

На пописот од 2002 година, селото имало 2.669 жители, од кои 1.973 Македонци, 494 Албанци, 12 Турци, 14 Роми, 124 Срби и 52 останати.[7]

Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.470 жители, од кои 1.772 Македонци, 334 Албанци, 8 Турци, 4 Роми, 85 Срби, 2 Бошњаци, 44 останати и 221 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 56 410 1.047 1.078 2.669 2.470
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Според исражувањата од 1953 година, родови во Трубарево се

Македонски

  • Доселеници: Кацовци (3 к.) по потекло се од Кичевско. Имаат истоимени роднини во селото Мралино. По доселувањето во скопско, нивните предци најпрво се задржале во некои други околни села; Трпковци (2 к.) доселени се однекаде; Кумановци (1 к.) доселени се од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Јурумлери и Мралино; Кукачовци (4 к.) доселени се однекаде; Минчевци (2 к.) доселени се од Идризово; Боцевци (3 к.) доселени се од Горно Лисиче. А таму од Ракотинци; Дандаровци (2 к.) доселени се Горно Лисиче; Симоновски (1 к.) доселени се од селото Сопиште. Таму припаѓале на родот Белевци; Ивановци (1 к.) и Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од селото Говрлево. Таму биле староседелци; Славко (1 к.) Славко дошол како домазет од селото Бродец.

Српски

Албански

  • Доселеници: Фејзовци (6 к.), Еминови (2 к.), Рамаданови (2 к.), Јашарови (1 к.), Риза Кадри (1 к.), Шаќировци (1 к.), Амзови (1 к.), Бислимови (1 к.), Реџепови (1 к.), Меметови (1 к.), Пајазитови (1 к.), Реџепови (2 к.), Риза Реџеп (1 к.), Алија Адем (1 к.), Шаќирови (2 к.), Мурат Зеќир (1 к.) сите се албанизирани Роми, наречени Маљоци. И доселени се од разни места во Косово (околината на Гнилане, Призрен, Урошевац, Качаник).[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Трубарево

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Дендропаркарборетум кој постои од 1953 година;
  • Острово — остаток од поранешното острово на Вардар кое во 1976 година било прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;
  • Езерце — од 1994 година прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Традиционално се одржува турнир во кошарка Бапка Ноќе.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Македонците биле забележани како Бугари.
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 — Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  14. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]