Рашче
Рашче | |
Поглед на селото | |
Координати 42°1′21″N 21°15′2″E / 42.02250° СГШ; 21.25056° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 2.835 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25160, 25660 |
Надм. вис. | 291 м |
Рашче на општинската карта Атарот на Рашче во рамките на општината | |
Рашче на Ризницата |
Рашче (албански: Rashçja) — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.697 жители.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на десниот брег на Вардар, во западните предели на Скопската Котлина. Во атарот на селото Рашче се наоѓаат изворите од кои поголемиот дел од населението во градот Скопје се снабдува со питка вода.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Рашче е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Врело северно од селото, покрај самите извори.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 67 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 237 мажи муслимани, со 35 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 554 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 300 жители.[3]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.697 жители, од кои 2 Македонци, 2.677 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 2 Бошњаци и 14 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.835 жители, од кои 1 Македонец, 2.760 Албанци, 1 останат и 73 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 1.474 | 1.590 | 1.450 | 1.581 | 1.814 | 0 | 2.363 | 2.697 | 2.835 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Рашче е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Полику (17 к.) и Бакиу (22 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од местото Лике во северна Албанија.
- Хаџију (23 к.) доселени се кога и претходните родови од некое место во областа Мат во Албанија.
- Коваче (24 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша.
- Хоџа (10 к.) доселени се од северна Албанија.
- Ќуреци (10 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Исмани (11 к.), Чилафе (8 к.) и Штрјку (5 к.) доселени се од северна Албанија.
- Бериша (3 к.) доселени се од фисот Бериша во северна Албанија.
- Сефа (4 к.), Мазлами (2 к.), Џика (9 к.), Рамети (8 к.), Томанлар (6 к.) и Леза (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Дураку (5 к.), Штафе (6 к.) и Хети (3 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Кроси (5 к.) потекло како и претходните родови. Имаат роднини во селото Арнакија.
- Бец (1 к.) потекло како и претходните родови.
- Дамин (1 к.), Идризи (2 к.), Демир (1 к.) и Ајваз (1 к.) они се Роми. Во селото биле ковачи. Никој не си го знае потеклото.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Пештери
- Археолошки наоѓалишта
- Врело — населба од бронзеното време
- Долот — осамен наод од римското време
- Кале — утврдена населба-градиште од доцноантичко време
- Пештерка — населба од римското време
- Рашче — осамен наод од доцноантичкото време
- Црква — могили од римското време
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на дел од селото Рашче
-
Поглед на дел од селото Рашче
-
Поглед на селото Рашче од падината на Жеден
-
Поглед на дел од селото Рашче
-
Поглед на дел од селото Рашче
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Рашче, на Карти на Гугл
|